Вчера, РЦ Север до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје, поднесе кривична пријава против А.М. (27) од Вердол-Р.Германија, со место на живеење во село Инџиково-скопско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
На 31.05.2018 година во 22,30 часот на автопатот Скопје-Куманово после наплатната рампа „Романовце“, од страна на Мобилна царинска екипа било забележано патничко моторно возило “Даимлер – Grand Voyager“ со тетовски регистерски таблици како стои на коловозна лента.
При извршениот увид констатирано е дека во возилото има 13 лица-мигранти (четворица од Авганистан, тројца од Пакистан и шестмина од Бангладеш меѓу кои и едно малолетно лице). Возачот на возилото е приведен во СВР Куманово, а мигрантите се сместени во Прифатниот центар во Скопје. Од страна на судија на претходна постапка на А.М. му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена.