Велешанец удрил тринаесетгодишен велосипедист

by fokus

Утрово во 08:20 часот во Велес на крстоницата од улиците „Борис Трајковски“ со улицата „АСНОМ“ патничко моторно возило „Волксваген Голф“ со велешки регистерски таблици управувано од З.Ж.(59) од Велес удрил во велосипед управуван од 13 годишно дете од Велес.

Во незгодата со повреди се здобило детето кое со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Општата болница во Велес каде од страна на лекар биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош било пуштено на домашно лекување. Бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости