Герила акција на плоштад: Никогаш повеќе прислушување

by fokus

Повеќе од 20.000 прислушкувани функционери, новинари, судии, обвинители, политичари, верски лица, професори, лекари и граѓани во над 600.000 телефонски разговори. Никогаш повеќе, пишува на банерот што утринава е поставен на градскиот плоштад во Скопје.

Герила акција потсетува на прислушувањето кое се вршеше од страна на минатата власт во периодот од 2008 – 2015 година.

За прислушувањето, Специјалното јавно обвинителство подигна обвинение „Таргет-Тврдина“, каде што беа обвинети ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, поранешната министерка Гордана Јанкулоска, началникот на петтата управа, Горан Грујевски, Никола Бошкоски, Тони Јакимовски и шест други службеници во УБК.

 

Поврзани новости