Граѓанската иницијатива „АЈДЕ“ за денеска во 13 часот најавува спектакуларното сечење лента на новата ограда на Владата на Република Македонија.
– За да учествувате на настанот и за да ви биде издадена потврда за влез, треба на „лице место“ пред Владата, да ни доставите список од најмалку 15 ваши роднини, пријатели и колеги. Не ја пропуштајте извонредната можност да пресечете лента и да се оградите од скапоцената владина ограда! АЈДЕ заедно да ги славиме нашите големи дела и успеси!Македонија оградена и вечна! За Македонија напреТ! Важно се (о)гради! – се вели во поканата на АЈДЕ.
Акцијата на активистите следува по поставувањето ограда на предниот дел од објектот на Владата, со што се ограничува и пристапот до зградата. Оградата чини 700.000 евра. Оградата ја изведува компанијата Бауер БГ и ова е прв владин објект кој е изграден отворен, а потоа се оградува.