Денеска во 12 часот на плоштадот „Македонија“ мирен собир за поддршка на бегалците

by Фокус 09:40
09:40

Денеска во 12 часот  на плоштадот „Македонија“ се организиран мирен собир за поддршка на бегалците.

Предвидено е да има неколку активности, од држење говори од активисти вклучени во помагањето на бегалците, преку собирање донации, до изработка на големо платно со порака „Бегалците се добредојдени“, кое потоа би се истакнало на некое видливо место.

- Advertisements -

– Ние, македонските граѓани и прогресивни сили ќе излеземе на 12 септември, Европски ден за акција во солидарност со бегалците и сите што бегаат од различни форми на терор и насилство, војна, окупација и експлоатација. Ги повикуваме сите прогресивни граѓани на мировен собир да ни се придружат и да повикаме против соучество на нашите влади во свет во кој границите стануваат ѕидови, во кој расте милитаризмот и нееднаквоста, во кој разликите меѓу етникуми, националности, бегалци и мигранти како категории нè расчовечуваат, во кои бегството од насилство, експлоатација и војна претставува криминал, против свет во кој ни продаваат лажен сон дека обезбедени граници значи обезбеден живот – се наведува во соопштението на „Солидарност“.

Поврзани новости