Анастас Герџиков вечерва му ја честиташе победата на Румен Радев, на претседателските избори во Бугарија.
-Се надевам дека нивните ветувања ќе се остварат, а не моите предвидувања. Се кандидиравме затоа што мислевме дека има начин да се надмине поделеноста, а најмногу затоа што бевме загрижени дека демократијата е во опасност, изјави вечерва Герџиков, по поразот на вториот круг од изборите во Бугарија.
Герџиков рече и дека целиот државен апарат работел за изборната кампања на Румен Радев.
-Не спречија неколку работи. Прво, нашите ривали 40 дена само повторуваа дека сме поврзани со одредени луѓе и одредени партии, што не е вистина. За актуелниот претседател работеше и целиот државен апарат. Репресијата на министерствата за моќ беше во корист на шефот на државата. Министерот за внатрешни работи дејствуваше како негов шеф на кабинет, истакна Герџиков.