Герасимовски: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ многу се лажат ако мислат дека центарци го заборавиле нивното дивеење

by Fokus

Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и Коалицијата истакна дека граѓаните покажале заби и му се спротиставиле на ВМРО-ДПМНЕ кои преку насилство, поткуп и влечење луѓе за уши сакале да го поништат нивниот избор во 2013 година.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ многу се лажат ако мислат дека центарци го заборавиле нивното уништување и дивеење во општината. Се лажат дека е заборавен криминалот тежок една милијарда евра кој го правеа преку грбот на граѓаните уништувајќи им ги населбите, маалата и Водно. Центарци не заборавија како ВМРО-ДПМНЕ менува ДУП-ови во три часот наутро“, порача Герасимовски во денешното видео на социјалните мрежи.

Поврзани новости