Герашенко: Путин е во агонија, ги фрли сите карти, ова ќе заврши со немири во Русија

by Fokus

Путин е во агонија. Ги фрли сите карти на маса. Направи се за да избегне мобилизација, знаеше дека анкетите покажуваат дека овој потег има поддршка од само десет проценти“, објави Антон Герашенко, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, коментирајќи ја одлуката на рускиот претседател за делумна мобилизација.

„Кога овие набрзина мобилизирани луѓе ќе се вратат од војната, тие ќе ја дестабилизираат Русија и ќе ја фрлат во превирања“, напиша тој.

„Никој не може да го запре тркалото на историјата. Фрлајќи ги сите овие луѓе во војната против Украина, Путин само ќе се приближи до својот крај. Ништо не се менува за Украина. Продолжуваме да одиме напред и да ги ослободуваме нашите територии. Западот продолжува да не поддржува. Слава на Украина“, додаде Герашенко.

Рускиот претседателВладимир Путин денеска објави делумна мобилизација во земјата со цел да се зголеми бројот на војници во воениот конфликт во Украина.

Во обраќањето што го пренесе руската телевизија Прва, Путин рече дека веќе го потпишал указот за делумна мобилизација, која ќе започне денеска.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека делумната мобилизација што ја најави Путин се однесува на лица со воено искуство и рече дека ќе бидат повикани 300.000 резервисти.

Поврзани новости