Британците веќе прават план за погребот на кралот Чарлс

by Fokus

Целиот свет го следеше погребот на кралицата Елизабета што се одвиваше во изминатите неколку дена, а Британците веќе прават план и за погребот на кралот Чарлс.

Планот за смртта на кралицата беше наречен „Операција Лондон Бриџ“ и ги вклучуваше сите детали од како да се објави информацијата за нејзината смрт, периодот за официјалната жалост и деталите за нејзиниот државен погреб. Операцијата „Лондон Бриџ“ била испланирана уште во 1960-тите, само неколку години по нејзиното крунисување.

Иако Чарлс штотуку стана крал, плановите за несреќните околности на неговата смрт започнале веднаш по погребот на кралицата Елизабета. Поранешниот офицер на кралската заштита Сајмон Морган го потврдил ова на денот на погребот на кралицата.

Кодното име за смртта на кралот Чарлс III е „Операција Менаи бриџ“, именуван по првиот железен висечки мост во светот, што се наоѓа во Велс.

.

Поврзани новости