Поранешниот премиер Љупчо Георгиевски во денешното гостување на ТВ 24 рече дека тоа што Македонија е мала земја е предност во борбата со корона вирусот.
-Ако пред кризата сите млади чекаа да избегаат во Лондон, во Париз… Сега треба да бидеме среќни што живееме во Македонија, живееме во мали градови и можеме да ја воспоставиме контролата. Вие денеска во Лондон слушате празни продавници, ние немаме таков проблем. Слушаме во Милано, Њујорк преполни болници, ние тоа го немаме.
Големината на нашата земја сега треба да ја претвориме во наша предност. Зошто да не си поставиме цел да бидеме првата држава која ќе биде слободна од корона вирусот? Мислам дека тоа можеме да го направиме со мали напори. Кога зборуваме за десетдневно затворање на Македонија, рече Георгиевски.