481
Откако во јавноста се крена бука за присуството на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на натпревар на Шкендија, по што провладините медиуми го прогласија за предавник, реагираше и Љубчо Георгиевски.
-По присуството на Заев на фудбалскиот натпревар на Шкендија патриотите му одржаа добра лекција на предавникот. Инаку, да си вистински македонски патриот треба да навиваш за Ѕвезда, Партизан, Цеца, Аца Лукас и да си промотор на шабанарската музика, напиша Георгиевски на неговата официјална Фејсбук страница.