Во врска со веста дека антикорупциската комисија поднела инцијатива пред јавното обвинителство за објектот на ВОЛВО, ја информирам јавноста дека како градоначалник го немам оштетено буџетот на општината, се вели во реакцијата на поранешниот градоначалника на Гази Баба, Борис Георгиевски.
-Како градоначалник ниту го имам оштетено буџетот на општината, ниту пак сум овозможил некое правно лице да се стекне со противправна имотна корист. Најодговорно тврдам дека сите акти на Општината се во согласност со Закон, а доколку сегашниот градоначалник смета дека е поинаку, во секое време може да ги поништи сите акти донесени од мене. Градоначалникот не ги води постапките сам, за законитоста на постапките потврдуваат стручните служби на општината, вели Георгиевски.
Антокорупциска комисија денеска информираше дека поднесува иницијатива до Обвинителството, кривично да се гонат екс градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски и актуелниот на Струденичани, Азем Садики.
Како што појасни членот на комисијата Нури Бајрами, Георгиевски не им ги доставил бараните податоци, а потоа по направената целосна анализа, и доставените документи од актуелното раководство во општината, било утврдено дека градбата е почната да се гради без одобрение и без да се донесе Деталниот урбанистички план,а ексградоначаникот постапил спротивно на законот.
Антикорупционерите бараат кривично да одговора и градоналникот на Студеничани Азем Садики, поради недомаќинско работење и трошење средства од буџетот.
Антикорупциската комисија побара да се покрене иницијатива за кривично гонење и против тројца градоначалници на Демир Хисар за злосторничко здружување за простор на општината кој го изнејмувале, без да наплаќаат закупнини.. На денешната седица беше разгледан и случајот со противпожарната скала што ја купи Шилегов, но постапката беше сопрена, бидејќи случајот го истражува обвинтелството..