451
-Коалицијата ВМРО за Македонија е третата политичка сила која може да ја освои битката за демократија, порача денеска во Прилеп, Љубчо Георгиевски, носител на листата во четвртата изборна единица.
-Јасно е дека ние ќе бидеме трета политичка сила во Македонија и тоа за граѓаните треба да е гаранција за многу процеси во државата. На Македонија, како никогаш досега и е потребен трет блок, здружената десница преку коалицијата „ВМРО за Македонија“ како баланс на политичките сили. Очекуваме освојување на 15 до 25 пратеници за да може да наметнеме политика во кој правец треба да оди Македонија – рече Георгиевски.
Според Георгиевски, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ нудат кандидати за премиери кои се под истрага и дека затоа е потребен баланс на силите.