372
Љубчо Георгиевски, лидер на ВМРО-НП и поранешен премиер, во емисијата „Топ тема“ на телевизијата Телма изјави дека излезот од политичката криза е во формирање на екпертска влада.
– Имам чувство дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се тркаат во давање автоголови, а на крајот ќе биде поразена Македонија. Треба да има договор во кој институционално-правно ќе се реши тоа што се случува со прислушувањето и треба да има политички договор за да се обезеди фер медиумско претставување до изборите, чисти иазбирачки списоци и максимална контрола. Сето тоа на крајот да го спроведе една влада во која премиерот нека биде од владејачката партија, но клучните министри да бидат експерти – рече Георгиевски.