502
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски денеска преку својот Фејсбук профил го искажа ставот за најновите услови кои ги постави бугарската Влада.
Според него, новиот ултиматум значи укинување на Договорот за добрососедство.
-Најновиот ултиматум од Бугарската влада го доживувам како суспендирање на Декларацијата за пријателство од 1999 година и Договорот за добрососедство од 2017 година, напиша Георгиевски.