654
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во емисијата 24 анализа ја поддржува мерката за зголемување на платата. И претходниот пат кога се зголемила на 15 000 денари, две години се плаќале субвенции за таа разлика од 100 евра, таа идеја лично тој ја дал на Заев.
„Се радувам што овој модел, зголемување на минималната палата, плус субвенции е балансирана мерка која помага на работниците и работодавачите. Минималната плата е отскочна даска за зголемување на другите плати и на крај пензиите“- рече Георгиевски.