452
Поранешниот премиер на Македонија, Љубчо Георгиевски, во синоќешното гостување на „24 анализа“ на ТВ 24, говореше за актуелните уставни измени во Собранието. Како што посочи тој, лошо е тоа што некои луѓе мислат дека е дојден крајот на Македонија.
„Беса не се поголеми патриоти ни од ДУИ, ни од ДПА, ни од другите албански партии и верувам дека ќе надвладее разумот и конечно ќе се тргне да се реши овој проблем. Луѓето размислуваат на црни сценарија, а не сакаат да ги погледнат вистинските црни сценарија. Ако не го решиме проблемот и не влеземе во ЕУ и НАТО, економски ќе доцниме зад сите, луѓето ќе почнат да се исселуваат, ќе се испразни Македонија“, истакна Георгиевски.