Уставните измени ќе бидат изгласани денеска, или најдоцна утре, пишува „Катимерини“

by fokus

Прашање на часови, а не на денови, е кога ќе бидат изгласани уставните амандмани согласно договорот од Преспа, велат извори од Владата, пренесува „Катимерини“.

Како што наведува грчкиот дневен весник во статија објавена утринава, се очекува уставните измени да се изгласаат денеска, или најдоцна утре.

„Катимерини“ го цитира лидерот на македонската опозиција, Христијан Мицкоски, кој вчера соопшти дека партијата нема да присуствува на собраниската седница за да не му даде легитимитет на процесот.

Седницата на која ќе се расправа за уставните амандмани треба да почне денеска во 13.00 часот.

Поврзани новости