Георгиевски апелира да се разјасни пресвртот во случајот „Монструм“: „Или ќе излезе дека СДСМ се фатиле во оро со ѓаволот“

by fokus

Претседателот на ВМРО-НП, Љупчо Георгиевски, апелира да и се даде објаснување на јавноста кои се причините за неочекуваниот пресврт во судскиот процес за предметот „Монструм“, откако јавната обвинителка која го застапува предметот пред Врховен суд на последната расправа укинување на првостепената пресуда и враќање на предметот од почеток.

„По неочекуваниот расплет во случајот „Монструм“ јавноста ќе мора во брзо време да добие јасна информација што се мотивите, аргументите за ваквата пресвртница. Во спротивно ќе остане впечатокот дека СДСМ повторно се има фатено во оро со ѓаволот“, напиша Георгиевски на својот фејсбук профил.

Првостепениот суд во овој случај пресуди доживотна казна затвор за шестмина обвинети за петкратното убиство кај Смилковско езеро во 2012 година. Апелација ја потврди првостепената пресуда, додека Врховниот суд треба да се произнесе дали ќе ја потврди ваквата одлука или ќе го врати судењето од почеток.

На последната седница во Врховен обвинителката Лилјана Спасовска, ги изненади присутните кога побара од судот да ги прифати жалбите на обвинетите и да ја укине првостепената и второстепената пресуда. Спасовска појасни дека се издржани жалбите на обвинетите со кои се тврди дека се спорни материјалните докази, а исто така го оправдува и нивниот сомнеж за направените вештачења.

Поврзани новости