Извршната директорка на Советот за етика на медиумите во Македонија – Билјана Георгиевска во интервју на Слободен печат истакна дека техничката влада како концепт е одраз на недовребата меѓу политичките партии.
„Јас не очекувам којзнае што, оваа техничка влада како што сите знаеме носи само партиски тргувања. Очекувам да нема ефикасност и не сметам дека во недоглед ќе постои таква влада, но очигледно дека се уште постои недоверба меѓу партиите. Јас забележав една изјава од новите министри од техничката влада кој вели ако е во интерес на граѓаните, јас ќе отидам и во Влада. Тоа за мене е несфатливо, замислете, тој за тоа е избран, за тоа се изборила неговата партија за да го добие тоа место во владата, заради интересот на јавноста““ порача таа.
Георигиевска која долги години живеела во Британија ги спореди предизбирните кампањи таму и овде во нашата држава.
„Една битна разлика која е во полза на јавноста е дека таа кампања таму, како и времето и просторот што медиумите го даваат простор за политички партии и претставници се случува само две три недели и јавноста е поштедена од слушање партиски флоскули. Медиумите имаат задача во предизборен период да покажат независност, да не се биде пристрасен, но при тоа мора да бидат предизвикани, да ги прашаат политичарите, да преиспитаат ако нешто личи само на пропаганда а не на факт и вистина“ заклучи Георгиевска.