Георгиев: Заев покажа дека има начини да го зголеми мнозинството, тоа го нервира ВМРО

by Фокус

Поранешниот пратеник и потпретседател на СДСМ, Гордан Георгиев, на ТВ 21 истакна дека во ВМРО-ДПМНЕ се нервозни поради тоа што лидерот на СДСМ, Зоран Заев, покажал вештина за зголемување на парламентарното мнозинство.

-Оваа старо-нова влада покажа дека мнозинството може да биде прилично флексибилно во зависност од потребите. Зоран Заев како премиер, како лидер покажа дека има начини и механизми за да го зголеми тоа мнозинство, и тоа ги нервира од ВМРО. Претпоставувам и не би ме чудело тие 62 реално да се зголемат – посочи Георгиев.

Поврзани новости