Загина холандски државјанин на мотоцикл по судар со 19-годишен ресенчанец

by fokus 12:29
12:29

58-годишен државјанин на Холандија, со иницијали Р.В. загина вчера откако управувајќи на мотоцикл се судрил со автомобил „алфа ромео“ управувано од 19-годишен ресенчанец.

„На 25.04.2019 во 16:30 часот на крстосницата од ул.„Билбил камен“ со регионалниот пат Р-2331 Битола-Ниже поле, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Алфа ромео“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.З. (19) од Ресен  и мотоцикл „Дукати Мултистрада“ со холандска национална ознака  управуван од холандскиот државјанин Р.В. (58). Во незгодата возачот на мотоциклот Р.В., се здобил со  тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде  починал. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител  и увидна екипа од СВР-Битола. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција“, информираа од полицијата.

- Advertisements -

Поврзани новости