При крај се подготовките за започнување на акцијата за уривање на дивоизградени објекти на подрачјето на Охрид, опфатени во регистарот кој беше изготвен според препораките од состанокот на Комитетот за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО, информираат од Општина Охрид.
„На почетокот, ќе се отстрануваат објекти кај кои не постојат правни пречки, односно активните дивоградби и објектите во активната зона на националниот парк „Галичица“ и крајбрежјето. Паралелно, ќе се уриваат дивоградбите коишто се во тек и оние опфатени со регистарот на дивоизгредени објекти во охридското подрачје“, велат од општината.
За поефикасна координација на акцијата, охридскиот градоначалнк Константин Георгиески денеска оддржа средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и со министерот без ресор Едмонд Адеми.