Првиот човек на Охрид, Константин Георгиески даде свој коментар за сите случување со УНЕСКО, кој даде уште една шанса на градот за да не го загуби статусот на УНЕСКО.
Според него со отстранувањето на бесправните градби, уредување на крајбрежјето и доследното почитување на одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство, биле клучни за ваквата одлука на УНЕСКО.
„Оваа позитивна одлука значи нова енергија и мотив да продолжиме уште посилно во спроведување на решенија и да вложиме максимални напори, за да покажеме дека знаеме да го чуваме и да грижиме за непроценливото богатство, кое го ни е оставено како аманет. Упатувам голема благодарност до Комитетот на УНЕСКО, за тоа што покажа желба на објективен начин да ја согледа целокупната состојба и тоа што успеа да ја препознае нашата вистинска волја, капацитет и подготвеност, да се соочиме со наследените катастрофални состојби“, вели тој.