373
Генералштабот на АРМ утврдил дека војниците на фотографијата објавена во електронските медиуми , а на која се гледа како тие со рацете симулираат двоглав орел и се солидизираат со албански војници во Грција кои го прават истото, се поранешни припадници на АРМ на доброволно служење на воениот рок.
АРМ информира дека тие веќе подолг временски период не се припадници на АРМ, односно по завршување на доброволното служење на воениот рок.
Во АРМ утврдиле дека фотографијата е направена во кругот на касарната во Велес за време на отслужување на воениот рок во период октомври 2014- јануари 2015 година.