Стојанче Ангелов за денес во 12 часот најавува масовен протест пред МРТВ, од каде продолжува да го упатува истото барање, за јавниот сервис да почне да ги пушта „бомбите“ на опозицијата на својата програма.
Ангелов изминативе недели покажа исклучителна храброст и упорност во напорите да обезбеди поддршка од јавноста во обидот да ја „отвори“ МТВ за граѓаните, што резултираше со се поголема масовност на неговите собири.
Ова е втор саботен протест на Ангелов пред МРТВ, откако тој минатата сабота го организираше „нападот со љубов“ кон јавниот сервис, каде претставнички на понежниот пол симболично се обидоја да влезат во телевизијата гушкајќи ја полицијата.
Ангелов веќе поднесе кривична пријава против Јавниот обвинител Марко Зврлевски за злоупотреба на службената положба и против главниот и одговорен уредник на МРТВ Диме Ратајкоски за селективно и пристрасно пласирање информации преку јавниот серви, бидејќи МРТВ не ги објавува снимките од прислушуваните разговори во кои ги објавува СДСМ.