Генерал-потполковник Горанчо Котески речиси еден месец ја врши функцијата началник на Генералштабот на Армијата со истечен мандат.
Тој на оваа функција беше назначен на 18.08.2011 година, што значи дека мандатот му е истечен минатиот месец, бидејќи трае три години. Но, сепак на сајтот на Министерството за одбрана, и понатму стои информацијата дека тој е актуелен началник.
Се обидовме да стапиме во контакт со Котески, но телефонот оставен за контакт беше исклчен. Одговор, уште пред два дена, побаравме и во кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, бидејќи указот за разрешување и назначување на началникот на Генералштабот го потпишува претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили. Но, оттаму не информираа дека се уште немаат информација дали Котески ќе остане на истата функција, бидејќи има можност за продолжување на мандатот на нови три години, или ќе биде назначен нов началник.