Генералот Атанасовски се повлече: Прислушувањето го потврдува тоталитарното владеење

by Фокус

Сојузот на борците оценува дека Македонија ја преживува најголемата политичка криза од осамостојувањето. Скандалот со прислушувањето, според нив, е голем удар врз човековите права и слободи.

b1

„Вистините што се откриваат од снимките укажуваат на несфатливата и неодговорната распојасаност на одговорните државни фактори во сегашното тоталитарно владеење. Сфативме дека наместо општествените процеси, за власта важни биле личните интереси за богатење. Затоа неопходно е да се санкционираат виновниците, а прогресивните сили да се обединат и да помогнат во надминување на кризата“- стои во соопштението потпишано од Генералот Тодор Атанасовски.

b3

Ова е неговата последна реакција како претседател на сојузот затоа што денеска на своите соборци од НОБ и на членовите на здружението им соопшти дека се повлекува изморен од годините. До мај, за кога е најавено дека ќе има избор на нов претседател, Сојузот на борци ќе го води поширок орган од неколкумина.

Поврзани новости