Генералното собрание на ОН не ја прифати руската резолуција за поддршка на Договорот за ракети

by fokus

Генералното собрание на ОН не ја усвои резолуцијата предложена од Русија за поддршка на Договорот за елиминирање на ракетите со среден и мал дострел, јави ТАСС.

За документот гласаа 43 земји, 46 беа против, а 78 се воздржаа.

Меѓу оние кои гласаа против се САД, земјите на ЕУ, Јапонија, Турција, Израел и Украина. Резолуцијата беше поддржана од Кина, седумте земји од Организацијата Договор за колективна безбедност, Иран, Сирија и земјите од Латинска Америка.

Главната идеја на рускиот документ е да се изрази поддршка за договорот како „еден од камен-темелниците на европската и меѓународната безбедност” и да се повикаат Русија и САД да продолжат ги консултациите за тој да биде зачуван.

Поврзани новости