Генералниот секретар на НАТО се довезе кај Заев со мерцедесот од 600 илјади евра

by Fokus

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на средбата со премиерот Зоран Заев во Владата пристигна со „мерцедесот“ од 600 илјади евра за чија набавка на крајот на месецов на обвинителна клупа треба да седнат поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, пренесе Мета.

Столтенберг е последниот од високите странски функционери кои за време на нивните посети на Скопје се возеа во владиниот „мерцедес“ со регистарски таблички СК 2936 АЦ (SK 2936 AC).

Од високите гости од странство, прв во „мерцедесот“ седна поранешниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-мун, за време на неговата посета во јули 2012 година, а во „она на М“ како што го нарекуваше Груевски во „31.бомба“ што СДСМ ја објави во 2015 година, се возеше и премиерот на Бугарија, Бојко Борисов за време на неговата посета на 1 август, минатата година, кога беше потпишан Договорот за добрососедство.

Поврзани новости