510
Виктор Цветковски, генералнот секретар на ГРОМ, во синоќешното гостување на „Отворено“ на Алфа го коментираше апсењето и определувањето домашен притвор на Стевчо Јакимовски.
„Истрагата се води веќе година дена. Кога ќе се земе тајмингот дека во август истрагата беше отворена непосредно пред референдумот, сега истрагата се отвора непосредно пред претседателските избори. Пораката за нас е јасна“, истакна Цветковски.