Генералната секретарка на ОБСЕ во посета на Скопје

by Fokus

Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, денеска ќе престојува во посета на Северна Македонија, на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи. Како што соопшти МНР, средбата е во насока на продолжување на консултациите за подготовка на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.

На средбата се очекува да се разменат мислења за прашања од заемен интерес. Потоа, Османи и Шмид ќе одржат заедничка прес конференција.

Северна Македонија во 2023 година ќе претседава со Организацијата за безбедност и соработка во Европа. Кандидатурата на нашата земја беше прифатена со консензус од 56 земји учеснички на министерскиот состанок на ОБСЕ во Тирана.

Во 2022 година, пред почнувањето на претседавањето, С Македонија ќе претседава со Советодавниот комитет за менаџмент и финансии на ОБСЕ, а ќе го преземеме и претседавањето со Групата за соработка со медитеранските партнери. По завршување на претседавањето, земјава ќе го преземе претседавањето со Групата за соработка со азиските партнери.

Поврзани новости