1K
Бугарската министерка за надворешни работи во оставка, Теодора Генчовска вечерва за БГНЕС изјави дека нема нов француски предлог што се разликува од веќе одобрениот во бугарскиот парламент.
На прашањето на БГНЕС дали има нов француски предлог за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ, што ќе се разликува од веќе одобреното во бугарскиот парламент, Генчовска кусо одговори: Не.
-Се зависи од подготвеноста на Скопје. Од нив очекуваме државна и одговорна политика. Бугарија е подготвена да го потпише најновиот протокол од Мешовитата меѓувладина комисија, рече Генчовска.