Наташа Петровска кандидат на СДСМ за градоначалник во Битола, Бетиан Китев за Кавадарци

by fokus

Пратеникот на СДСМ, Бетиан Китев, ќе биде кандидат за градоначалник на оваа партија за Општина Кавадарци на претстојните локални избори. Во Битола, пак, СДСМ се одлучи за женски кандидат и довербата од граѓаните ќе ја бара Наташа Петровска, професорка во Техничкото училиште и  координатор на советничката група во Советот на Општината.

Петровска е избрана меѓу 12 кандидати во партијата, потврди генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.

Китев, пак, беше советник на Советот во Кавадарци до 2013 година, а пратеник е од 2014та година до денес.

Поврзани новости