Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) денеска повика на контра-протест пред Собранието. Тие се против аболицијата на Зоран Заев и Зоран Верушевски од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов, но нема да протестираат против аболицирањето на Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска и останатите помилувани функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
-Во оваа прилика би сакал да ги повикам сите слободоумни луѓе во Македонија, на истово ова место во 18:30 под името на Граѓанското движење за одбрана на Македонија да се собереме и најјасо и гласно да го искажеме нашиот протест и револт против одлуката да бидат помилувани поточно аболицирани Зоран Заев и Зоран Верушески, рече Пандов, еден од најистакнатите членови на ГДОМ во изјава за телевизија Нова.
Од Штип веќе тргнаа три автобуси со членови на ВМРО-ДПМНЕ, додека за четвриот автобус немаше луѓе.