Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) со реакција се огласи на вчерашните настани, кога група нивни демонстранти доцна синоќа протестирале пред домот на активистот Илија Балтовски.
-За нас демократијата е аршинот. Оние на кои им одговара демократијата и гласот на народот посегаат по двојни аршини. Кога тие напаѓаат тоа е модерен израз а кога истото им се случува ним тоа е напад. Кога тие кои вознемируваа почувствуваат само дел од она што веќе долг период го приредуваат кај битолчани, има жалење и повикување на некои си движења. – вели Стефан Бојаџиев од ГДОМ-Битола.
Инаку, инцидентот се случи вчеравечер, откако по протестите на ГДОМ, стотини демонстранти дошле пред домот на Балтовски. Тие извикувале недолични пароли, биле вулгарни и ја вознемириле целата улица.
Балтовски е инаку член на невладината „За нас се работи“ и еден од водачите на „Битолското движење“.
Тој порача дека ваквите случувања нема да го заплашат да продолжи да излегува на протести.