Младината на ВМРО-ДПМНЕ во контра-шарена револуција

by Фокус

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ организираше „Боење во чест на Шарената револуција”. Тие денеска презентираа споменик на СДСМ наречен „Едно евро” и го офарбаа со боја.

-Освен по тоа што СДСМ е запаметен како партија која не изградила ниту еден објект од национален интерес и не изградиле ниту еден културен споменик, СДСМ е запаметена и како партија партија која изминатиов период стимулира и поддржува уништување и вандализирање на споменици, на објекти од јавен интерес и на објекти кои се културно историско наследство на Република Македонија. – порача младината на вледајчката партија.

Тие потенцираа дека ниту оштетиле, а ниту ќе оштетат споменик на македонски херој или објект од јавен интерес.

Поврзани новости