На денешниот собир пред Кривичниот суд организиран од ГДОМ, а на кој присуствуваат членови и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, до Основниот суд и до Апелациониот ќе биде предадена декларација во која ГДОМ ги повикува судиите да не судат селективно и да не потклекнуваат на притисоци.
-Селективната правда не е правда. Одлуките донесени под притисок не се правични одлуки. Одлуките донесени под притисок, само го будат револтот кај граѓаните.
Затоа ве охрабруваме да не подлегнувате на притисоци. Да не си го губите образот заради какви било закани и ветувања. Затоа Ве охрабруваме да не носите нарачани политички одлуки, се вели во декларацијата.
Декларацијата завршува со зборовите „Криминалците како Заев треба да одговараат и тој мора да го врати украденото од државата. Неговите сметки не смее да ги плаќаат невини.“.