Газда Деко се криел во скривница додека децата гореле, обвини една од мајките

by fokus

Газда Деко се криел доле во скривница додека децата гореле, обвини денеска мајка на загинато дете, на Маршот во Кочани.

Како што вели таа никој ништо не им помогнал на децата.

– Јас не знам зошто партиите преку медиумите кажуваат кој што дал, колку помогнал. Господ рекол левата рака што дава, десната не треба да знае и обратно. Никој ништо не им помогнал на нашите деца, освен што им ги затворија вратите, а Деко се криел доле во скривница, вели мајката.

Поврзани новости