(ГАЛЕРИЈА) Родителите на загинатите деца бараат средба во Обвинителството: Да ни објаснат кои се обвинети, а за кои е запрена постапката

by fokus

Родителите, роднините и пријателите на загинатите деца и оваа сабота излегоа на Марш во Кочани. Упатија јавен апел од Обвинителството, да ги викне и да им објасни кои лица се обвинети, а за кои е запрена постапката.

-Ние не сме правници, соопштението ни е дадено по членови и закони… и реално ништо не сфативме. Претпоставувам и другите родители, освен градоначалниците и обезбедувачите, не сфатиле. Сега ќе читам, оти во понеделник ова барање ќе го испратиме до Обвинителството, рече мајката Марија Петрушева чиј син Андреј Панов загина.

Фотографии: Томислав Георгиев

Поврзани новости