Бројот на жртви од израелските напади врз цели во Иран расте, а бројките објавени од иранските власти се уште неофицијални и недоследни. Иако Израел сè уште не ги коментирал наводите, иранските власти и државните медиуми објавуваат шокантни бројки.
Бахрам Сармаст, гувернерот на северозападната покраина Источен Азербејџан, изјави дека таму загинале 31 лице, вклучувајќи 30 воени лица и еден член на Црвената полумесечина. Најмалку 55 лица се повредени.
Во меѓувреме, иранската државна телевизија објави дека 60 лица, вклучувајќи 20 деца, загинале во израелски напад врз зграда во главниот град Техеран. Бројките сè уште не се официјално потврдени.
Иранската Црвена полумесечина објави дека две лица загинале кога едно од нивните амбулантни возила било нападнато во покраината Западен Азербејџан.
Амбасадорот на Иран во Обединетите нации вчера изјави дека вкупно 78 лица се убиени, а повеќе од 320 се повредени во израелските напади.