Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, беше исклучително разочаран од поразот на Интер со 2: 3 синоќа, како и инцидентот помеѓу Френк Каси и Лукас Билја, кои едвај не се степаа на резервната клупа.
– Многупати сум критикуван за дефанзивниот стил на игра, но морам да се види и со какви играчи располагам. Мислам дека се држевме достојно на теренот. При 0:2 секој друг тим би паднал психички. Бев задоволен од нашите перформанси, креирани позиции, а на крајот бевме близу до израмнување. Поразот боли, но навистина ме допре тоа што Кеси го направи на клупата. Ова е нешто што не можам да го прифатам. Ова не е начинот на кој гледам на фудбалот и на тимскиот дух. Сите во соблекувалната треба да се почитуваат, изјави популарниот Рино веднаш по мечот на „Сан Сиро“.
Стратегот на „росонерите“ смета дека тој носи одговорност за дисциплината во соблекувалната, а играчите знаат колку се потпира токму на тоа.
– Тие можат да ме критикуваат за тактиката, но јас ја изградив својата кариера врз почит, тимски дух, бранењето на името на клубот и честа на дресот, како и почит кон играчите. Тоа е се за мене и затоа поразот денеска е двоен. Ќе соопштам што ќе направам во следните неколку дена, рече Гатузо.