Гасифицирана гинекологија во Чаир, еден од загадувачите во Скопје

by fokus

Завршена е гасификацијата на Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир,  еден од најголемите загадувачи во Скопје која досега се грееше на мазут. За гасифицирањето на болницата се инвестирани 17 милиони денари.

– Досега оваа болница се грееше на мазут и беше еден од најголемите загадувачи во Скопје, се жалеа сите. Овие црни оџаци повеќе нема да функционираат. Поставени се панели на кровот коишто се користат да се загрее водата во бојлерите и посебен резервоар за гас којшто прима компримиран гас со којшто ќе се грее болницата во зимските периоди, но истовремено ќе се користи за топла вода. Со поддршка на Светска банка разговараме за енергетска ефикасност и за други здравствени институции, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

Гасификацијата беше планирана уште во претходниот мандат на Филипче, а се реализира по неколку години од најавите.

Поврзани новости