Лидерот на едно од крилата на Движењето Беса, Африм Гаши го честиташе меѓународниот ден на слободата на медиумите.
„Денес, кога се означува Светскиот ден за слободата на медиумите, ја имам предвид професијата на новинарите, која со себе ја носи исто така и мисијата за праведно информирање на јавноста“, вели Гаши.
Тој додава дека независното и професионално информирање често се претвора во закана за животот на новинарите, особено во балканските земји.
„Затоа, Движењето БЕСА во својата програма посебно внимание и посветува на слободата на говорот, независните медиуми, како и посветеноста новинарите да ги имаат сите неопходни услови за работа, и да не бидат спречени од никого во реализацијата на нивната благородна должност. Предводени од ова, ние ќе продолжиме да остануваме гардијан на вистината и бескомпромисни бранители на слободниот говор“, рече Африм Гаши.