533
Африм Гаши, преседател на скопското крило Движењето Беса, кој синоќа беше на средби со партиски членови и симпатизери во Кичево, најави дека партијата наскоро би можела да стане дел од, како што посочи, реформската Влада на премиерот Зоран Заев.
– Ова се случува зато што Македонја се движи успешно кон евроатланските структури, токму овој момент не прави оптимисти, рече Гаши.
Тој на средбите во Кичево беше придружуван од секретарот на партијата Скендер Реџепи, кој зборуваше за стуктурното организирање на партијата во земјата.
Претседателот на скопското Крило на БЕСА најави дека вакви средби во наредните денови ќе има и со останатите ограноци на партијата и во другите градови.