ВМРО-ДПМНЕ: Семејството Заеви  преку државни ресурси од ден во ден го зголемуваат своето богатство

by Fokus

Зоран Заев потврди дека преку Владата доделил концесија на фирмата „Тотал инжинеринг” која е во сопственост на неговиот брат Вице Заев, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Семејството Заеви  преку државни ресурси од ден во ден го зголемуваат своето богатство. Јавноста е сведок дека фирмата „Тотал Инжинеринг“ пред само две недели, или поточно на 24 април добива концесија за експлотација на минерални суровини на локација во село Дукатино, општина Василево. Оваа концесија ја добива од Владата на предводена од Зоран Заев. Уште поскандалозно е што самиот Заев јавно кажа дека фирмата „Тотал инжинеринг“ ја продала целата механизација. Јавноста ја интересира како планираат Заеви да вршат ископ во наредните 30 години без механизација? – се наведува во партиското соопштение.

 

Поврзани новости