Гаши: И покрај додворувањата на Ковачевски, соработката со СДСМ е завршена

by fokus

Бруталното прекршување на договорот постигнат во 2021 година меѓу поранешниот премиер Зоран Заев и првиот човек на Алтернатива, Африм Гаши, ја натера оваа партија да одлучи да оди во опозиција. Гаши во емисијата 200 на Алсат изјави дека и покрај додворувањата на Ковачевски, соработката со СДСМ е затворена работа. Тој рече дека договорот меѓу СДСМ, ДУИ и Алијансата бил многу затворен и оти немал информации што се случува.

„Тие го затворија процесот и немаа храброст да ни кажат дека сè е завршено. Имаше смешна понуда каде имаше многу малку позиции кои ние како позиции не само што имавме причини да имаме власт, туку тоа беше дел од договорот кој беше гаранција за спроведување на постигнатиот договор“, рече Гаши.

Зборувајќи за обвинувањата на неговиот поранешен сопартиец Скендер Реџепи-Зејд дека Алтернатива ја напушта Владата само поради Министерството за здравство и оти тој сега останува единствен претставник на гласачите на Алтернатива во Владата, Гаши одговори дека Реџепи не бил дел од договорот за владеење.

„Во моментот кога влеговме во Владата и Ковачевски и Заев знаеја дека разговараме со тројца пратеници и еден пратеник се договори на своја рака со Заев. Значи тој пакет и овој договор е потпишан за тројца пратеници. Тие добро знаат“, додава Гаши.

Гаши е песимист за процесот на уставни измени, додавајќи дека Ковачевски и Ахмети, освен политичкото самоубиство, ја убиле и европската иднина на државата.

Поврзани новости