Гумени бонбони од марихуана од Барселона се испраќале низ Европа

by fokus

Шпанската полиција откри тајна лабораторија во центарот на Барселона каде што „криминална организација“ произведувала шарени гумени бонбони од марихуана, а потоа ги испраќала во Хрватска, Италија, Франција, Португалија, Германија и Холандија.

Пронајдени се 70 пакувања, 5.000 бонбони марихуана, 12 килограми марихуана и шест килограми хашиш, објави шпанската цивилна гарда на Твитер.

Во акцијата се уапсени тројца државјани на Велика Британија, Холандија и Русија.

Полицијата започна истрага откако пресретнала серија пакети испратени по пошта во кои имало бонбони со марихуана.

„Организацијата лоцирана во Барселона добивала нарачки преку апликација со шифрирани пораки, а потоа марихуаната скриена во бонбоните била испратена по пошта во бројни земји во Европа“, се вели во соопштението.

Поврзани новости