369
Партиите работат на составување влада и се истражуваат сите можности, изјави денеска британскиот амбасадор Џарлс Гарет одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Конференција посветена на споделување практики и иновативни модели за подигнување на младинската вработливост во Европа.
-Ситуацијата се уште не е решена, партиите работат на составување влада и ги истражуваат сите можности врз основа на изборите на 11 декември, рече Гарет.
Тој изрази надеж дека со идната влада ќе можат да работат на спроведување на реформите.