Нивото на Охридското Езеро пет сантиметри под дозволениот минимум

by fokus

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека нивото на Охридското Езеро од утрово е пет сантиметри под дозволениот минимум, а водостојот на реката Црн Дрим кај Ложани од вчера е намален за 55 сантиметри.

Според УХМР, со намалувањето на испустот на водата од Охридското Езеро кај Струга се очекува во наредниот период нивото на Езерото да стагнира па постепено да расте.

Дозволениот минимум на Охридското Езеро е на котата 693,10 метри, а утрово беше 693,05 метри.

Поврзани новости